Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
Во текот на 2025 година биле отворени нови 15.000 работни места, а според заменик министерот за економија, Марјан Ристески, тоа се должи пред се на ТИРЗ зоните, но и на домашното стопанство кое реинвестирало во постојните објекти со зголемување на обемот на работа и потребата од работна сила. Тука секако свој удел имале и владините мерки за вработување, особено на младите до 29 години. „Да напоменам дека историски се овие бројки. Прв пат имаме под 90.000 регистрирани невработени лица во Македонија, а бројката за прв пат изнесува над 710.000 од работоспособното население. И да напоменам дека и тие 90.000 не се реална бројка на невработени лица. Ако ги исклучиме 30-тина илјади кои се занимаваат со земјоделие, а се пријавени во АВРМ како невработени и во работоспособното население по статистика влегувата и оние кои учат средно училиште од 16 до 18 години. А знаеме дека по закон е задолжително средното образование тука би отпаднале 5.000 до 10.000 лица, значи реалната бројка на невработени би била од 40 до 45.000 лица или тоа е околу 5% од работоспособното население што е историски најнизок процент на невработени работоспособни лица во Македонија од осамостоувањето до сега“, истакна Ма
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.