ХРВАТСКА - Силното невреме кое во средата ја опустоши Словенија во текот на вечерта пристигна и во Хрватска. На северот од земјава локално падна град со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ДХМЗ издаде предупредување за повеќе региони поради можност за нови грмежи и поројни поплави.