Во израелските воздушни напади загинаа најмалку 17 лица во јужен Либан, јавуваат либанските медиуми, јави Би-би-си. Девет лица загинаа во серија напади во градот Таир Деба, според либанската државна новинска агенција (ННА). Во меѓувреме, вооружената група Хезболах, поддржана од Иран, соопшти дека извршила дополнителни напади врз израелските војници кои окупирале делови од јужниот дел на земјата.