Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
Расте бројот на заболени овци од сипаници, вакцините се уште ги нема. Ресорниот министер уверува – на пат се, ќе стигнат наредниве денови. До сега евидентирани се 64 жаришта, 50 во Источниот, 7 во Североисточниот, 6 во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион. Угинати се 10 илјади овци, а точна бројка колку се под ризик, за сега не може да се проценти. Донацијата од 500 илјади вакцини од Турција се уште не е пристигната, а дополнителни количини се бараат од Европската Комисија и од ФАО. Во обид да се спречи ширењето на болеста министерот апелира - овчарите да се однесуваат одговорно и да дозволат надлежните да си ја вршат својата работа. Се утврдува цената и начинот на обештетување, дали ќе биде по килограм, или по грло. „Апелирам до сточарите доследно да ги почитуваат институционалните превентивни препораки, веднаш да ги пријавуваат сомнителните случаи и да не користат заедничка опрема меѓу стадата без целосна дезинфекција. Еден од главните утврдени ризици за пренесување на заразата е стрижењето со ножици што претходно не биле дезинфицирани“, апелираше министерот Серафимовски. Во претсојната сезона за откуп на грозје, нема отстапки за повисока цена за производителите. Таа е веќе утв
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.