Скопје продолжува да има најголем број раѓања во Северна Македонија, со 41,6 отсто од сите родени бебиња во земјата. Спротивното се случува во Источна Македонија, каде според податоците на Агенцијата за статистика има помал процент на родени, само 6,1%. Социологот Љуљзим Муртезани причината за тоа ја гледа во намерата на голем број граѓани да живеат во Скопје, бидејќи има повеќе можности за развој, а со тоа