Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни, но со помал интензитет. Бројката на загинати се искачи на 235, а регистрирани се 4.300 повредени. Втор ден по големиот потрес каков што Венецуела не памети во последниот век, сликата е траорна. Двата последователни земјотреси направија пустош, урнати се згради, дефекти на електричните мрежи, паднаа и комуникациските мрежи. Спасувачките екипи деноноќно трагаат по преживеани. Голем дел од жителите останаа без својот дом. Жителите на најпогодените места како Ла Гваира се уште се на улица, стравувајќи од нови потреси. На снимка е фатен моментот кога стигнаа првите хеликоптери со спасувачките екипи, дури 20 часови по несреќата. „Сите истрчаа надвор бидејќи бевме исплашени. Семејствата и соседите се собрани тука, а некои се на паркингот зад кулата. Таму има голем паркинг. Сите остануваат на отворено, плашејќи се дека може да се случи нешто повеќе“, изјави Мариорлин Мендез, локална жителка. „Бегството беше вистинска борба бидејќи вратата беше заглавена. Воопшто не можевме да ја отвориме. Моравме со голи раце насилно да ја отвориме пред конечно да побегнеме и да истрчаме по скалите. Како што можете да видите сега, таа област претрпе серио
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.