Хортензиите се меѓу најпопуларните украсни грмушки во градините благодарение на нивните прекрасни цвеќиња, но тие се првите кои ги покажуваат ефектите од долготрајната топлина и сушата. Кога лисјата почнуваат да венеат, губат цврстина и стануваат суви, многу луѓе мислат дека растението неповратно пропаднало. Експертите потенцираат дека тоа е проблем кој лесно може да се реши доколку навреме се реагира.