Пробиена границата од 100 долари за барел. Цените на нафтата растат поради зголемените тензии на Блискиот Исток. Суровата, брент нафта, која кај нас се користи, за само еден ден поскапе за 3%, а за еден месец околу 25 отсто. Новите цени на горивата ќе ги соопшти Регулаторната Комисија во понеделник. Во зависност од интензитетот на кризата, ќе се преземаат соодветни мерки за да се амортизира ударот од поскапувањето., вели премиерот. Во моментов на сила се намалени акцизи, а горивата се најевтини во регионот. „Во зависност од интензитетот на кризата, ќе се димензионираат мерки, но и во зависност од стабилноста на буџетот.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер Пред стартот на грејната сезона, обезбедена е стабилност на енергетскиотс ектор, вели премиерот. Акумулациите се до 50% полни, оставен е простор да се примат есенските врнежи и се прават напори цената на струјата за домаќинстава, да остане иста. „Развиваме методологија барем да ја задржиме истата цена.“, додаде премиерот За новата цена на електричната енергија, Регулаторна ќе одлучува до крајот на ноември. Истата ќе почне да се применуваат од 1 јануари следната година. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Нафтата надм