Преглед на вестите од светот
Блискиот Исток е на чекор до отворен воен судир. Шест американски борбени авиони погодија радарски инсталации и складишта за ракети во Иран, како одговор на нападот со дрон врз сингапурскиот голем товарен брод „Евер Лавели“ во теснецот. САД предупреди дека на насилството ќе се одговори со насилство. Реакцијата од Техеран пристигна експресно.Со беспилотни летала беа нападнати американски воени цели во Бахреин, што предизвика жесток револт во ова заливско кралство и итен апел до Советот за безбедност на ОН. Мировните преговори во Швајцарија сега висат на конец. Европа се бори со историски топлотен бран кој се движи кон североистокот. Дури 193 милиони луѓе денеска се изложени на температури над 35 степени целзиусови, а најкритично е во Германија и Унгарија. Додека Велика Британија и Франција рушат јунски рекорди со измерени речиси 41 степен во Париз, граѓаните во неприлагодените станови се спасуваат со импровизации и фолии на прозорците. Во Италија, реката По се соочува со драматична еколошка криза две третини од нејзиниот проток исчезнаа, а солената морска вода навлезе 18 километри навнатре во копното, уништувајќи ги каналите за наводнување на посевите. Украина е погодена од нов бран
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.