На 03.09.2026 во 16:40 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди е донесено повредено осумгодишно дете од с.Дебреше, гостиварско, соопшти МВР. Според пријавеното, во дворот од куќата, детето управувајќи детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка. Поради сериозноста на повредите, малолетникот е префрлен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Известен е јавен обвинител, а увидна екипа од ОВР Гостивар изврши увид на местото на настанот.