Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција, а не паника, порачува д=р Даниловски. -Хантавирусот деновиве стана новата суровина за глобалната индустрија на страв. Доволен беше еден изолиран настан на крузер во јужниот Атлантик за интернет-просторот повторно да експлодира со апокалиптични сценарија, „предвидувања“, мистериозни објави од минатото, сомнежи за глобални агенди и рециклирани теории за контрола на човештвото. Речиси по автоматизам, повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“..., пишува Даниловски во објавата на Фејсбук. Според него, како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус и оти јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв. Даниловски оценува дека особено загрижува фактот што во т
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.