Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека во моментов нема планови за нова мобилизација поради војната во Украина, оценувајќи ги гласините за таков потег како „дезинформација“ во пресрет на парламентарните избори во Русија овој месец. – Во моментов нема сценарио што бара мобилизација – рече Путин одговарајќи на прашање за време на неговото обраќање на Источниот економски форум во Владивосток. Во јули украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека добил „категорични информации“ од разузнавачките служби според кои Русија подготвува „нов бран мобилизација наесен“. – Тоа е информативен напад од непријателот во пресрет на изборите за Думата, во обид да влијае врз нивниот исход – изјави Путин во врска со изборите за долниот дом на рускиот парламент, закажани за 18-20 септември. Москва спроведе „делумна мобилизација“ на околу 300.000 резервисти во септември 2022 година, за да се бори против успешната украинска контраофанзива, неколку месеци по почетокот на целосната руска офанзива во Украина во февруари истата година. Оваа мерка предизвика бегство на голем број Руси во странство, а оттогаш, според западни медиуми, властите избегнуваат сличен потег и покрај големите за
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.