Откако ја заврши професионалната спортска кариера и стана мајка, една од најдобрите српски тенисерки на сите времиња Јелена Јанковиќ целосно се повлече од јавната сцена. Своето мирно засолниште го нашла покрај угледниот лекар, д-р Бранко Бараќ, со кој ја доби ќерката Уна, а парот досега никогаш не бил заеднички изложен на јавноста.