Наместо нова брана на Дунав, проектот предвидува две акумулации на висока надморска височина, повеќе од 10 километри тунели и подземен хидротехнички систем кој би послужил како најголема „батерија“ на електроенергетскиот систем на Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека изградбата на реверзибилната хидроцентрала Ѓердап 3 е од стратешко значење за енергетската иднина на земјата.