Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за „Ен-би-си њуз“ изјави дека не е променета политиката на САД кон Тајван. – Политиката на САД кон Тајван е непроменета по денешниот состанок. Тоа беше споменато. Тие секогаш го споменуваат (Тајван). Ние секогаш јасно го искажуваме нашиот став и преминуваме на други теми, изјави Рубио по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот колега Шји Џинпинг во Пекинг. Рубио, кој е дел од американската делегација во Кина, додаде дека Пекинг би направил „ужасна грешка“ ако со сила го преземе Тајван. Претходно, Шји го предупреди Трамп на потенцијален конфликт помеѓу Кина и САД ако прашањето за Тајван не биде решено на соодветен начин. МИА