УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
Како Универзитет, имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена - се потенцира во соопштението од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип по денешното приведување на 39-годишната Т. А., професорка на Факултетот за медицински науки, која побарала мито од 300 евра од студент од Република Турција за да положи испит. Во соопштението од УГД - Штип се наведува дека, за жал, ниеден систем не е целосно имун на поединци што се подготвени да го прекршат законот и да ја злоупотребат довербата што им е укажана. - Токму затоа целосно ги поддржуваме активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата. Само со професионални, законити и неселективни постапки може да се откријат, санкционираат и трајно да се отстранат ваквите појави од академскиот систем. Веруваме дека токму ваквите постапки се единствениот пат кон посилни, поздрави и покредибилни институции. Така се штитат интегритетот, угледот и достоинството на високото образование и се зајакнува довербата на јавноста во академските институции - велат од УГД - Штип. Раководствот
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.