Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
Разговор Скопје - Софија на највисоко ниво утре во бугарската престолнина. Претседателките на двете држави Гордана Сиљановска-Давкова и Илијана Јотова ќе се сретнат на маргините на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Според агендата, средбата треба да се одржи во попладневните часови. Додека шефицата на државата го крши мразот на највисоко ниво откако Бугарија конечно доби стабилна, легитимна влада, на министерско ниво во Софија нема да има средба, иако во македонската делегација е и министерот Тимчо Муцунски, кој ќе биде дел од министерскиот состанок. Премиерот претпазлив. Вели, не знае што да очекува од утрешната средба. Рече, резултатите од работата на Владата полека доаѓаат. „Тоа што е наша стратегија за реализирање на овие цели полека се случува. Се разбира дека јавно нема да зборувам многу за деталите. Така што, да сумирам, јас не знам што би можел да очекувам. Како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите соседи, како претседател на Влада ќе сторам сѐ што е во наша моќ, прво да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на државата. И второ, нормално, да градам добрососедски односи со сите наши соседи на
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.