Пола милијарда долари во зелена енергија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети компанијата „Алказар Енерџи“, која го реализира проектот за изградба на ветерниот парк на територијата на Штип, Радовиш и Карбинци. Во рамки на посетата, Мицкоски беше информиран за текот на реализацијата на инвестицијата и идните активности на терен. Станува збор за инвестиција во обновлива енергија со планиран капацитет до 396 мегавати, која треба да донесе значително производство на зелена електрична енергија. Но, според премиерот, Македонија има пророден ресурс кој доколку се искористи во целост, значително ќе котира на европскиот енергетски пазар. - Потернцијалот кој што го имаме ние како држава, да го инвестираме во производни капацитети, а потоа да го произведеме во електрична енергија е еднаков на 24 терават часови и тоа може како бројка не значи ништо, но кога сетоа тоа би се помножило со цената на електричната енергија зборуваме за околу 2 милијарди евра бизнис годишно, кој треба да го зголеми македонскиот БДП и да контрибуира позитивно во македонската економија, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Влада Проектот е вреден повеќе од половина милијарда долари, кој според најавите треба да донесе и нови работни места, но и зна
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.