Поврзувањето е единствената равенка за поголем економски раст, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. - Ние треба да го изградиме темелот, го немаме и тоа е суштината. Кога ќе го поставите прашањето што е предноста на државата единствената компаративна предност што ние ја имаме со конкуренцијата во регионот и во Европа е тоа што сме место на поврзување на два важни европски коридори - Коридорот 10 и Коридорот 8, односно како да се поврзат северна со јужна Европа односно централна Европа со Медитеранот преку Егејското море, и Јадранското и Јонското со Црното море, преку Коридорот 8. Сè друго, ако го мериме како компаративна предност, можете да го најдете кај која било конкуренција во регионот или во Европа. Ако тоа го направиме, тогаш можеме да развиваме сè. Тоа не сме го направиле, рече Мицкоски. Презентирајќи ги активностите за изградба на автопатите, железницата, енергетското и гасното поврзување истакна дека завршувањето на те проекти ќе биде прв приоритет на Владата. Мицкоски оцени дека првите два месеца од годинава