Вчера (25.06.2026) околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцеви и дуксери). Лицето било лишено од слобода поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик и било предадено во Полициската станица од општа надлежност Кочани за понатамошна постапка.