Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека пресудата за четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) на Специјалниот суд за Косово во Хаг, е „неприфатлива неправда“. – Прогласувањето за виновни и толку строгата казна, за четворица поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, е неприфатлива неправда, голема и штетна казна, истакна Курти во видео-обраќањето. Тој додаде дека пресудата ќе биде обжалена, а владата на Косово ќе ја поддржи жалбата. Според Курти, Специјалниот суд донел неправедни заклучоци и дека неговата одлука се заснова на целосно неточни основи. Тој истакна дека пресудата не може да се чита надвор од историскиот контекст, во кој се појавила ОВК. – ОВК не беше избор на народ кој сакал војна, туку одговор на народ кој, угнетен и загрозен за самото свое постоење, барал слобода. Албанскиот народ во Косово доживеал лишување од автономија, исклучување од институциите, протерување од работни места, училишта и универзитети, затворање, тортура и убиства. Потоа дојдоа масакрите, палењето на куќи, масовното протерување на стотици илјади луѓе од нивните домови и геноцид. Ова страдање не
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.