По објавувањето на видеа и фотографии на социјалните мрежи за присуство на змии, првиот човек на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека општината извршила дезинфекција и дезинсекција. За објавувањето рече дека тие не се доказ за моменталната состојба. Тој нагласи дека состојбата околу Вардар е значително подобра во однос на минатото лето и дека Општинската хигиена има поставено алати за третман на влекачи.