Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ вчера се урна на аеродромот во Мајами, соопштија американските власти. Уште пет лица се повредени и хоспитализирани, соопштија властите на округот Мајами-Дејд на прес-конференција. Авионот излетал од пистата по слетувањето на Меѓународниот аеродром во Мајами по летот од Порторико, соопшти Американската федерална управа за авијација (ФАА). A Prime Air Boeing 767-300 freighter overran the runway at Miami International Airport this afternoon, coming to rest near a warehouse complex. The airframe caught fire after the crash. pic.twitter.com/wYz50c21aO — OSINTtechnical (@Osinttechnical) September 6, 2026 Портпаролката на „Амазон“, Кели Нантел, изјави дека компанијата е со скршено срце поради смртните случаи. „Нашето најдлабоко сочувство оди до семејствата, саканите и сите погодени од оваа разорна загуба“, напиша таа на социјалните мрежи. -Авионот, со кој управуваше компанијата „21 Ер“ (21 Air), се обидуваше да слета кога се случи инцидентот. Тесно соработуваме со локалните власти и официјалните претставници за да дознаеме повеќе и целосно ќе соработуваме во секоја истрага – изјави таа. BREAKING: An Amazon Prime Air Boeing 767-300(F) has re
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.