ДРЖАВНО СПОНЗОРИРАНИТЕ „НЕЗАВИСНИ“ ИСТРАЖУВАЧИ НА ИРЛ Не го исполниле договорот со МРТВ, па се покриле со анекс – не е ли тоа класична малверзација?
Договорот меѓу МРТВ и ИРЛ тежок 180.000 евра има многу маани, ама посебна приказна е склучувањето на анексот, кој сè уште се крие од очите на јавноста. Освен тоа, јавноста заборава дека ова е втор обид на ИРЛ да лапне државни пари – во јануари 2024 година, ААВМУ, без јавен повик и нетранспарентно, ѝ додели донација од 80.000 евра. Пукна брука, па грантот пропадна. А во истата 2024 година, „непрофитното“ здружение ИРЛ, со фантастичен вкупен приход од 1,25 милиони евра во периодот 2023-2025 година, си основало и фирма, друштво со ограничена одговорност. Во ДООЕЛ-от се вработени само тројца од тимот на Сашка Цветковска, со бедни просечни бруто-плати од по 500 евра. Од што живеат другите 10 истражувачки новинари? The post ДРЖАВНО СПОНЗОРИРАНИТЕ „НЕЗАВИСНИ“ ИСТРАЖУВАЧИ НА ИРЛ Не го исполниле договорот со МРТВ, па се покриле со анекс – не е ли тоа класична малверзација? appeared first on plusinfo.mk .
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.