Познатата хрватска инфлуенсерка Мери Голдашиќ, која ја следи цел Балкан, минатата година и откри на јавноста дека се разведува од сопругот Јурица. Иако веста изненади многумина, Мери тогаш изјави дека одлуката не е донесена импулсивно, туку по долги и тивки обиди да ја спаси нивната врска, што вклучуваше и заедничко одење на терапија.