Хеликоптер на пакистанската армија се урна во пакистански Кашмир, соопшти во петокот војската, додавајќи дека меѓу екипажот нема преживеани. „Хеликоптер Ми-17 на пакистанското воздухопловство се урна денеска при полетување во близина на Музафарабад поради технички дефект“, се вели во соопштението на армијата. „Нема преживеани“, додаде армијата, без да го прецизира бројот на персоналот во авионот