Група навивачи на Динамо попладнето ги санираа ѕидовите со мурали посветени на воените единици на Хрватската армија и ХВО. Имено, непознати вандали претходно ги прекриле споменатите мурали во близина на подвозникот под авенијата Славонска, а кои биле создадени на почетокот на годинава. Како што напиша Индекс, полицијата блокирала една сообраќајна лента, што предизвикало голема гужва.