Жива е најдена исчезнатата жена од Орешани
Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството. Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши. Семејството изрази благодарност до сите кои помогнаа во потрагата. Текстот Жива е најдена исчезнатата жена од Орешани е превземен од МАКФАКС .
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.