Вараждин наскоро ќе стане првиот континентален град во соседна Хрватска кој ќе воведе строга забрана за продажба на алкохол во продавниците и бензинските пумпи по 22 часот. Предвидено е и воведување казни за консумирање алкохолни пијалоци на јавни површини.