Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
Во процес се преговорите и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе ги имате информациите, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на новинарско прашање дали се точни неофицијалните информации дека и тој ќе биде опфатен со реконструкција на Владата. На прашањето дали има желба и натаму да го води ресорот, Љутков одговори дека процесот е на средина, а тој секогаш ќе стои зад културата. -На средина сме на процесот. Како што кажав, сè уште течат преговорите и ќе видиме. Но, што и да се случи, јас сум тука и секогаш стојам зад културата. Затоа што културата е нашиот идентитет, нашата традиција и мислам дека е најважнато министерство во една влада, рече Љутков на прес-конференцијата посветена на работата во изминатите две години. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.