Две лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во туристичката област Магалуф, на шпанскиот остров Мајорка. Според локалните власти, пожарот избувнал околу 05:00 часот на третиот кат од зградата. Жителите првично се обиделе сами да го изгаснат пожарот, но безуспешно, бидејќи пожарот брзо се проширил и на другите делови од зградата, особено на катовите.