Интензивните горештини што ги зафатија Западна и Централна Европа на крајот на јуни не само што ја затоплија копното, туку и околните мориња. Водата на површината е за повеќе од 5 степени потопла отколку што е вообичаено за овој период од годината, покажуваат податоците на поморската служба Коперник, а еве како моментално се движат температурите на Јадранското и Средоземното Море.