Германските истражители открија нови детали за обидот за напад со беспилотно летало на украински транспортен авион на аеродромот во Лајпциг, додека главните траги водат директно во Србија, пишува германскиот неделник Шпигел, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови. Еден од осомничените за нападот во Лајпциг е поврзан со лице уапсено во Србија во јуни за поседување експлозив. Според Шпигел, српската полиција запрела