Под засилени ебзбедносни мерки и скромна воена парадда Русија го одбележа 9 мај, Денот на победата. Традиционалното дефиле на тенкови, балистички ракети и оклопни возила на Црвениот плоштад изостана. Парадата по повод 81-годишнината од победата над нацистичка Германија беше сведена исклучиво на воени единици и традиционално прелетување на борбени авиони а за првпат на Црвениот плоштад учествуваа и Севернокорејски трупи. Во својот говор на парадата, Путин ги спореди настаните од Втората светска војна со настаните од денешниот конфликт во Украина и рече дека Русија ќе победи, како што СССР победи во Втората светска војна. Ги обвини западните сили и НАТО дека го вооружуваат Киев, нарекувајќи ги „агресивна сила“. На овогодинешниот настан беше забележано присуство на значително помал број светски лидери во споредба со минатогодишната јубилејна 80-годишнина, кога во Москва беа присутни 27 државници, вклучувајќи ги и претседателите на Кина и Бразил. Русија годинава не уаптила посебни покани до странските гости, но на прославата изразиле желба да присустуваат претседателите на Белорусија, Лаос, Казахстан, Узбехистан, кралот на Малезија. Единствен политичар од држава членка на НАТО и ЕУ беш