Н.К.(25) од Кула и неговиот соучесник Д.Џ., осомничени за бруталното убиство на Дарко Весковиќ познат како Прик (46) во кафуле на Вождовац, се во бегство, а по нив Вишиот суд во Белград распиша црвена, меѓународна потерница. Според информациите со кои располагаме, постои сомнеж дека по кривичното дело избегале во странство.