Мет Гронинг, креаторот на Симпсонови, објасни како неговата иконска серија успеала да ја „предвиди иднината“ толку многу пати низ годините. Појавувајќи се на подкастот „Конан О'Брајан му треба пријател“, тој разговараше зошто некои шеги и приказни од серијата изненадувачки се поклопија со реалните настани години подоцна, пренесува Индексонлајн. Меѓу најпознатите примери е купувањето на 21st Century Fox од страна на Дизни.