Се верува дека неколку лица загинале во пожар што утринава избувна во станбена зграда во Антверпен, Белгија, објави локалната полиција на својата веб-страница. Според полицијата, во десеткатницата имало повеќе од 200 жители. На сликите што ги објавија белгиските медиуми, се гледа како жителите се обидуваат да избегаат од балконите и прозорците на нивните станови, од кои извира црн чад.