Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
Сексуалното насилство и силувањата во ЕУ во последните десет години бележат константен раст, достигнувајќи вкупна евидентирана бројка од 256 302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, од кои 38 проценти биле силувања во 2024 година. Во Македонија бројот на регистрирани случаи на сексуално насилство се движи од 87 во 2019, до рекордните 151 регистриран случај во 2013 година, покажуваат податоците објавени од Евростат. Во 2024 година број на евидентирани кривични дела поврзани со сексуално насилство во Македонија е 131, од кои 24% се силувања. Во 2024 година, полицијата евидентирала 256 302 кривични дела поврзани со сексуално насилство во ЕУ, меѓу кои 98 190 (38% од вкупниот број) биле кривични дела силување. Во споредба со 2023 година, кривичните дела поврзани со сексуално насилство се зголемиле за 5% (+12 097 случаи), а силувањето за 7% (+6 291). Податоците покажуваат тренд на пораст кај двата вида кривични дела во последната деценија. Помеѓу 2014 и 2024 година, кривичните дела поврзани со сексуално насилство скокнале за 94% (+124 350 случаи), а кривичните дела поврзани со силување за 150% (+58 983). Во овој период, кривичните дела поврзани со сексуално насилство континуира
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.