На „Плочник“ кај Градски ѕид синоќа се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар. Како што соопштија од Општината, публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова. -Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно издание на „Центарска симфонија“-истакна Герасимовски пред почетокот на концертот. Во текот на вечерта беа изведени безвременските хитови на Драган Мијалковски и Нина Спирова, како и музичките теми од култните филмови „Валканиот танц“, „Кум“, „Пиратите од Карибите“ и други, кои публиката ги проследи со силни аплаузи и воодушевување. Градоначалникот Горан Герасимовски истакнал дека оваа манифестација заслужено зазема важно место во културниот живот на Центар. - Интересот и оваа година е одличен. Центарци уживаат во вакви настани и токму тоа ни е поттик да продолжиме да создаваме културни содржини за сите генерации. Музиката обединува, создава убави спомени и носи посебна енергија. Благодарен сум што сите заедно уживавме во уште една прекрасна летна в