„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
Пет проекти од областите на заштита на животната средина, социјалната поддршка, инклузијата и развојот ќе добијат финансиска поддршка од компанијата dm drogerie markt во вкупна вредност од повеќе од 2,9 милиони денари, во рамките на платформата „Иднина која инспирира“ . Проектите се избрани од стручно жири меѓу вкупно 74 пријавени иницијативи, а од 14 септември во изборот се вклучени и граѓаните, кои до 27 септември можат да гласаат за еден од трите проекти што се во избор за дополнителна поддршка од dm. Пријавувањето во рамките на „Иднина која инспирира“ беше отворено од 2 март до 31 јули 2026 година, а оценувањето на проектите се одвиваше од 12 до 21 август. Во стручното жири учествуваа Гоце Калинов од „Ретвитни оброк“, Далиборка Златева, претседател на „Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“, Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“, како и тројца претставници на dm. Меѓу избраните е проектот „Охрид Еко 2027“ на Нуркачкиот центар „Амфора“, кој преку организирани подводни акции има цел да придонесе за отстранување на отпадот од Охридското Езеро и подигнување на свеста за неговата заштита. Поддршка ќе добие и „Херои на солидарноста
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.