Министерот за одбрана Ермал Нуфи реагираше по настанот што се случи прексиноќа во Валона, каде двајцата бизнисмени Луан Муча и Васил Бединај во придружба на други лица се судрија за имотни прашања. Се сомнева дека во овој инцидент биле инволвирани и двајца службеници на Воената полиција. Нуфи најави дека и двајцата службеници се суспендирани од служба додека не завршат проверките од локалните власти.