Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
По промовирањето пред три месеци, шесте реновирани операциони сали на хируршките клиники и понатаму не се во функција. Уролози, детски хирурзи и ортопеди се снаоѓаат во салите на пластична хирургија и дигестивна и како што велат дел од нив понекогаш се и повеќе од 24 часа на работа. И покрај одредени изјави на лекари дека имало недостатоци кои морало да бидат отстранети, министерот за здравство денеска ги негираше таквите информации и даде рок до 3 или 4 јули хирурзите да оперираат во нови услови. „Ако ви давам датуми и ви велам дека се верификуваат сите инсталации значи дека нема пропусти туку фаза на верификација. Значи имаше само едно барање од типот тоа за миење раце било помало од тоа што очекувале и е сменето. Овој период нема врска дали има пропусти туку со административни процедури кои се неопходни и тој протокол мора да го следиме.“, вели Азир Алиу, министер за здравство. Дека административните процедури се при крај министерот за здравство најави и кон средината на мај, меѓутоа реновираните сали на хируршките клиники ќе чекаат отворање на вратите за пациенти во јули. За Азир Алиу промовирањето на кое беа министри и директори не е маркетинг туку отчет кон граѓаните. „Ако не
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.