Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР. Дипломатската нота која излезе во јавноста за патувањето на сопругата на премиерот Мицкоски и неговиот син во Пампорово, Бугарија отвори нова тензична епизода во односите меѓу Скопје и Софија. Министерот Муцунски побарал објаснување од бугарските власти како безбедносен документ со лични податоци и доверливи информации протекол во јавноста. Конкретниот случај го оцени како сериозен безбедносен пропуст и побара темелна истрага. „Во текот на вчерашниот ден беше повикан амбасадорот на Бугарија во Министерството за надворешни работи, каде што го изразивме високиот степен на незадоволство и загриженост поради нарушувањето на односите меѓу двете држави преку еден ваков гест. Побаравме објаснување од страна на соседна Бугарија за тоа како е дојдено до ваква ситуација. Единственото што би можел да ви го кажам, а што е дипломатски коректно, е она што од наша страна е пренесено. Не би можел во овој момент да го споделам одговорот“, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. Ваквата реакција доаѓа откако во бугарските медиуми е објавена дипломатската нота каде во детали е опишана рутата по која оделе сопругата и синот н