Ирскиот професор по европска политика, Џон О'Бренан, остро ја критикуваше Европската унија за пристапот кон Србија, по церемонијата на погребување на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ. О'Бренан рече дека ЕУ со години е убедена дека Србија се променила или станува „нормална“ европска држава. „Денес црквата и државата Србија му подарија херојски погреб на босанскиот касап“, напиша тој во X. Sipa.