Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека многу „премногу негативни сили“ изнесуваат опасни тврдења за вештачката интелигенција кои нема да се остварат и истакна дека сака да обезбеди Соединетите Држави да ја задржат водечката позиција во таа индустрија. – Ние сме пред Кина во областа на вештачката интелигенција. Ние сме технолошки најнапредната земја во светот и, искрено, сакам тоа така и да остане бидејќи оној кој ќе победи во трката за вештачка интелигенција – тој победува – им рече Трамп на новинарите на прашањето дали треба да се забави развојот на индустријата за вештачка интелигенција или таа построго да се регулира. – Би можеле да воведеме ограничувања. Можеме да го направиме ова или она. Но, сметам дека постојат многу премногу негативни сили кои ја иницираат таа тема, а не би требало, и изнесуваат тврдења за работи кои нема да се случат – изјави Трамп. Директорот на Антропик, една од водечките компании за развој на вештачка интелигенција, Дарио Амодеи, вчера повика на забавување на развојот на вештачката интелигенција поради сè поголемиот страв од можна злоупотреба и безбедносни ризици. И Илон Маск, поранешен близок соработник на Трамп кој ја води xAI, и Сем Олтман,