Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
Северна Македонија и останатите држави аспиранти за членство во Европската Унија мора да го забрзаат реформскиот процес преку координирана работа меѓу владите, парламентите и политичките чинители, порача денеска заменик‑претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на меѓурегионалната средба во Скопје, на која учествуваат претставници од Западен Балкан, Украина, Молдавија, Грузија, Европската комисија и меѓународни партнери. Сали истакна дека сите држави очекуваат процесот на проширување да биде транспарентен, заснован на заслуги и на реални интегративни резултати, кои придонесуваат за подобро функционирање на институциите, финансиска стабилност и поголема безбедност. - Ние сме многу посветени на реформската агенда која е составен дел од интегративниот процес. Ги исполнуваме чекорите навреме и како држава сме подготвени за нови обврски. Имаме предложено околу 25 точки што сме подготвени да ги реализираме - истакна Сали, додавајќи дека се очекува Европската комисија да ги потврди предложените мерки или да достави дополнителни барања. Тој нагласи дека реформите не можат да се спроведат без активна улога на парламентите и без координација меѓу позицијата и опозици
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.