Истражување - Македонските ученици се полуписмени
Тројца од четворица 15-годишници во Македонија не разбираат што читаат. Едно од три деца нема основни познавања по математика а исто толку се необразовани и по природни науки. Овие поразителни и алармантни податоци се содржани во последниот извештај на програмата за меѓународно оценување на учениците – ПИСА. Со ова земјата е речиси на на дното во Европа. Македонија е далеку под просекот на Писа и резаултатите се полоши од истражувањето во 2022. За министерката за образование, претходните реформи се причина за ваквиот епилог. - За жал се повторно многу лоши, но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите што се претходно направени, ние на власт дојдовме во 2024 година, само шест месеци потоа во 2025 се направени овие тестирања, изјави Весна Јаневска, министер за образование и наука Удел за ваквата состојба имаат и родителите. Во извештајот на ПИСА , 67 проценти од учениците одговориле дека од семејството барем еднаш неделно ги прашуваат што учеле, што е помалку од процентот во 2022. Но не е исклучено и користењето на вештачката интелегенција, социјалните мрежи и користењето на телефоните. А како да се подобри лошата слика за македонските ученици? - Ќе се справуваме на кла
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.