Франција обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако на стадионот „МетЛајф“ убедливо со 3-0 ја совлада Шведска. Човек на натпреварот беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола, додека Бредли Баркола додаде уште еден, во предизвик во кој „петлите“ доминираа од почеток до крај. Во следното коло Франција ќе се соочи со Парагвај, кој ден претходно по егзекуција ја елиминира Германија