Летните горештини и тропските бранови не ги мачат само луѓето - за илјадници домашни миленици високите температури се директна закана за животот. Додека кучињата јасно кажуваат кога се жешки со гласно задишување, мачките се апсолутни мајстори во криењето на болката и непријатноста. Затоа, ветеринарите апелираат до сопствениците да реагираат со брзина на светлината, бидејќи топлотниот удар кај мачките може да доведе до трагичен исход за само неколку