Извонредна понуда од клубовите од Серија А за помош за исплата на платата на новиот селектор на Италија остави впечаток на италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди. „Поминавме од непријателски став до подготвеност да ги ставиме на располагање ресурсите“, изјави тој. Италијанската репрезентација моментално е без селектор, откако Џенаро Гатузо поднесе оставка по неуспехот во „плеј-оф“ натпреварите на Светското првенство.